РаботаПраксаИнтересноУспешна приказнаИнтервју

Успешна приказна со Polar Cape и Јелена Микан

Polar Cape е уште една задоволна компанија корисник на услугите на Бинтерн. Станува збор за компанија од ИТ секторот, па нивната потреба од нов кадар е секогаш добредојдена, а тоа најлесно се остварува со користење на платформата на Бинтерн. Токму поради ова направивме интервју со еден од членовите на HR тимот на Polar Cape со цел да ги запрашаме за тоа како им помогна платформата Бинтерн при пронаоѓање на нови вработени.

-Претставете ни се вие и вашата компанија?

 Jас сум Ивана, а дел сум од HR тимот на Pоlar Cape повеќе од 4 години. Моменталната позиција на која работам е HR Business Partner, а со оглед на растот на компанијата сум активно вклучена во процесите за регрутација на нови кадри како и програмите за Graduates кои ги организираме во нашата компанија. Polar Cape е компанија која веќе 11 години постои на пазарот во Шведска и Македонија. Нашите две канцеларии даваат услуги во полето на ИТ услугите или поточно: ИТ консултантство, изнајмување на целосни агилни тимови и менаџирани тимови, како и поддршка и оддржување.

 -Зошто вашата компанија е идеално место за пракса/работа?

Во македонската канцеларија во моментов сме 93 вработени, а многу од нив се веќе докажани сениори од кои навистина има што да се научи. Дополнителен плус во нашата компанија, како одлично место за развој на кариерата, е тоа дека програмите се темелни и структурирани, а вработувањето е веднаш по изборот на канидатите и покрај тоа што тие сеуште се водат како Graduates во нашата програма. Во текот на првите месеци по започнувањето се поминуваат следните фази: теоретска обука, практична работа во Agile team со другите колеги од програмата и во последната фаза распределување на клиентски проект. Во овие 3 фази го оформуваме веќе постоечкото знаење на нашите нови колеги според принципите и процесите на компанијата, за веднаш после 6 месеци тие се функционални професионалци во своите тимови.

 -На кој начин дознавте за Bintern?

За Bintern дознавме преку LinkedIn контакт. И искрено иако ова ни се случува доста често, да ни бидат представаувани различни алатки, платформи, иновации и сл. Идеата која ја претставија и платформата која ја имаат изготвено Bintern го примами нашето внимание. Bintern ни беше накратко прзентиран од Димитар и изгледаше како интересна и иновативна алатка за нашата следна Graduate програма. По објавувањето на нашите огласи за истата, одлучивме да видиме како ќе функционира барањето на кандидати преку Bintern и ги поставивме нашите огласи и на платформата.

-Колку апликанти добивте и за колку време?

Навистина бевме изненадени од одзивот имаше околу 35 кандидати веќе во првите 2-3 дена. Бевме и изненадени и од проактивноста на тимот кој самоиницијативно ги промовираа нашите позиции и на своите профили на социјалните мрежи. По завршувањето на нашите процеси за регрутација, во кои баравме 7 нови вработени кои би ја започнале својата кариера како дел од Polar Cape во нашата втора Graduate програма, беа одбрани 1QA, 3 Front end девелопери и 3 Java девелопери а меѓу нив и еден апликант преку платформата на Bintern. Тоа е нашата нова колешка Јелена Микан која веќе е дел од компанијата и сега ја поминува својата прва недела во Graduate програмата за Јава.

-Што би им препорачале на останатите компании кои се во потрага по практиканти и јуниори?

Има повеќе компании во нашата држава кои активно работат со млади и перспективни луѓе кои сакаат да ја почнат својата кариера во ИТ индустријата, и тоа е навистина за пофалба. Сите тие мислам дека можат да имаат огромен бенефит преку платформата на Bintern, и топло им препорачувам да пробаат своите позиции да ги објават преку истата и нема да зажалат со сигурност. Базата која Bintern ja има во моментов навистина ги задоволува потребите за отворени пракси и јуниорски позиции, а отвореноста за соработка на тимот кој стои во позадина е голем плус.

По препорака и со помош на Polar Cape успеавме да стапиме во контакт и со Јелена Микан и да поразговараме за тоа како Бинтерн и помогна да  ја пронајде својата работа во Polar Cape. Таа ни даде и кратко интревју и ни одговори на прашањата како ја дознала за Бинтерн, односно како платформата и помогнала да си ја пронајде својата работа.

 -На кој начин дознавте за Бинтерн?

За Бинтерн дознав преку оглас за пракса на Фејсбук. Направив профил и се пријавив за Graduate програма во Polar Cape.

 -Зошто решивте да направите свој профил на Бинтерн?

Креирав профил на Бинтерн бидејќи видов оглас на кој што сакав да се пријавам, но кога ја отворив апликацијата бев изненадена колку добро е направена и лесна за креирање на профил. Имав среќа да ме повикаат на тестирање во првата фирма каде што се пријавив – Polar Cape и после тестирање и интервју успеав да влезам на нивната Graduate програма.

-Дали и зошто би ги препорачала на други кои бараат работа?

Бинтерн би гo препорачала на сите студенти кои што бараат пракса или вработување бидејќи платформата е лесна за користење и креирање профил, сите огласи се на едно место и очекувам дека во иднина ќе има уште повеќе огласи за пракса и вработување на платформата со оглед на тоа што има огромен број на задоволни корисници – вклучувајќи ме и мене.

Затоа Bintern е потребен за да ја започнете вашата кариера.  

Доколку размислувате од каде да започнете тогаш Bintern е местото каде студентите и дипломците се поврзуваат со компаниите за пракса и вработување.

Регистрирајте се веднаш на bintern.com