РаботаПраксаУспешна приказнаНовостиИнтервју

Успешна приказна


Се со цел да дознаеме каде денеска се наоѓаат нашите корисници направивме истражување и притоа пронајдовме голем бројна задоволни корисници, а денеска ќе ви зборуваме за Ангела Босилковска студент на факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола.

Си поразговаравме со Ангела за тоа каде е таа денес - која пред еден месец успешно пронајде пракса во TrySpicy:

Здраво Ангела 😊 Претстави се на идните корисници и раскажини нѝ нешто повеќе за себе.

Здраво 😃 Јас сум Ангела како што знаете студент во 3 година на факулетот за информатички и комуникациски технологии во Битола и активен барател на пракса во областа на дигиталниот маркетинг.

Како активен корисник на платформата на Бинтерн најпрво би те запрашале како дозна за истата и што те потикна да креираш профил.

Дознав за платформата преку нивниот добар дигитален маркетинг односно преку Facebook огласите и според објавените огласи кои ги видов сфатив дека е многу добра можност за наоѓање понатамошна пракса или работа. А според тоа што јас сум студент секоја можност за пракса е добредојдена.

Што те поттикна да аплицираш на огласот од TrySpicy?

Ја знаев апликацијата уште од порано имав креирано профил и ја користев и уште од тогаш гледав дека има голем потенцијал да стане успешна и кога видов оглас решив дека треба да ја искористам шансата да бидам дел од нивниот тим и да видам како функционира позадинската работа. Кога го гледаш потенцијалот на нешто можеш многу повеќе да придонесеш во компанијата со дополнителни идеи за придобиваката од работењето таму да биде двострана.

Погледнете ги активните огласи на Бинтерн и притоа охрабрете се и аплицирајте на некој од нив🧏‍♂️.

Дали досега научи нешто и што те потикна да започнеш на пракса?

Повеќе фактори ме поттикнаа да започнам со пракса еден од главните е тоа што веќе завршувам трета година на факултет и времето за барање работа е се поблиску и поблиску и нормално ако имаш некое искуство без разлика дали е работа или пракса стално си во предност и притоа ги охрабрувам сите студенти да го направат истото. Исто така и за факултетот ми е потребна пракса. Научив дека никогаш незнаеш како е да работиш дури не се соочиш со предизвикот. Некогаш иако мислиш дека нешто ти е совршено спремно и испланирано големи се шансите да не функционира како што било замислено. Секогаш треба да си флексибилен за смена на планови, за нови идеи, за слушање други мислења и дека треба работите да ги согледаш од поинаква перспектива односно од гледна точка на корисникот или клиентот за идејата да биде успешна.

Дали е едноставен начинот на аплицирање и креирање на профил на Бинтерн?

Апликацијата има многу добар кориснички интерфејс што значи дека е многу лесна за користење за сите, креирањето на профил е брзо и едноставно  и притоа бесплатно. Максимизирана е функционалноста а истовремено е задржана едноставноста што е секогаш добра комбинација.

Креирај и ти профил на Бинтерн и ајде да станеме професионалци !

И за крај што би и препорачала на идните студенти кои се двоумат дали да започнат да одат на пракса?

Нормално да одат💪 🙌. Јас сакав да одам и претходните години дури студирав но незнаев каде да барам сега со Бинтерн е многу полесно за наоѓање. Секое искуство е корисно, секогаш е подобро за во иднина при аплицирање на работа да имаш што да напишеш на своето CV. Покрај тоа добиваш шанса да видиш како е да работиш во компании со тимови, да се соочиш со клиенти и потоа да одлучиш дали тој тип на криера е за тебе или не.
На кратко кажано не можеш ништо да изгубиш само можеш да добиеш.